Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митриполит Преспанско-пелагониски г. Петар во посета на Саем на книгата (12.04.2013 09:27)

На изложбена површина од 3000 квадратни метри, во Метрополис арената на Скопскиот саем, се одржува јубилејниот 25-ти Меѓународен саем на книгата. На едно место се изложени дела од домашни и од странски автори, класична и современа, стручна, научна и белетристична литература, енциклопедии и друго.

Меѓу 60-те изложувачи на саемот свои изданија презентира и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, на третиот ден од саемот, го посети штандот на МПЦ-ОА и се запозна со презентираните изданија на МПЦ, а во кусиот разговор (пред неговиот настап во емисија на Македонската телевизија), нѐ запозна со програмата во издаваштвото на неговата епархија. Најнов, а за нашата Црква многу значаен, заеднички проект на Преспанско-пелагониската и Австралиско-новозеландската епархија се Минеите. На саемот е изложен Минејот – месец јануари, и се преведуваат и подготвуваат за печатење другите месеци, кои со Божја помош, до крајот на 2015 година, би требало да станат дел од литургискиот живот на МПЦ–ОА.