Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ново издание на Скопската православна епархија (11.04.2013 13:44)

Во издание на Скопската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија излезе од печат преводот на книгата „Светоотечко богословие“ од протопрезвитер Јован Романидис. Книгата е зборник на неговите предавања по догматика на Богословскиот факултет во Солун. Богословскиот јазик на о. Јован Романидис е длабоко светоотечки, па поради тоа неговите предавања по православна догматика во голема мера се разликуваат од вообичаените учебници, прирачници по догматика. Всушност низ целата книга тој многу едноставно и вешто покажува што е Православието и која е неговата цел.

 

Извор: Скопска епархија