Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Ајакс, Канада (02.02.2013 23:22)

Ајакс, Онтарио, Канада - Во 33-тата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го празнува Соборот на Св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит на Американско-канадската православна епархија, заедно со гостинот г. Пимен, Митрополит на Европската македонска православна епархија, отслужи Света Златоустова Литургија во Македонската православна црква Света Великомаченичка Недела во Ајакс, Онтарио, во сослужение на парохискиот свештеник протопрезвитер Благе Димитриевски и гостинот протоереј-ставрофор Јован Босеовски, кој го чествуваше неговиот именден. На Божествената Литургија верниот народ се соедини со нашиот Спасител Господ Исус Христос преку присуството и примајќи ја Светата Причест –Телото и Крвта Негова.