Годишнина од осветувањето на храмот на Пресвета Троица (11.10.2004)

Речиси сите митрополити на Македонската Православна Црква вчера притекнаа во Радовиш како гости на Неговата Високопреосветеност Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г.
Наум и тамошниот архиереј г. Агатангел заеднички ја отслужија воскресната Божествена Литургија во велелепната црква на Пресвета Троица во Радовиш и ги осветија темелите на парохиската административна зграда чија изградба започнува во непосредна близина на црквата. Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Неговата Високопреосветеност г. Тимотеј со обрати со слово за укрепување во љубовта и единството. На Литургијата присуствуваа премиерот на Владата на Република Македонија г-динот Хари Костов и ктиторот на храмот г-динот Ристо Гуштеров.


