Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Куманово (19.01.2013 13:23)

На 19. 01. 2013 година, на празникот Богојавление – Водици, Епископот Лешочки г. Јосиф отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата на свети Мина во Куманово, а потоа верниците се причестија. На кумановските верници Епископот г. Јосиф им го објасни празникот и настанот кога Спасителот Господ Исус Христос се крстил во реката Јордан од Предвесникот Јован. Во непосредна близина на црквата свети Мина на ловечкиот базен Епископот Јосиф изврши голем водосвет и го фрли светиот крст во базенот.

 

                                    

 

                       

 

           

 

                         

 

 

Известува: о. Жико Тодоровски