Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водокрст во црквата на Света Богородица во Тетово (18.01.2013 17:58)

На 18.01.2013 лето Господово, на празникот Водокрст, со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во црквата на Света Богородица во Тетово се отслужи Света Архиерејска Литургија од страна на Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф.

Во својата беседа пред присутните голем број верници, Епископот Лешочки г. Јосиф го образложи значењето на овој голем светоден. Веднаш потоа беше осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата, каде по светиот крст скокнаа: Љубиша Марковиќ, Андреа Ристовски и Дарко Јованоски, кој беше најсреќен меѓу нив, бидејќи успеа прв да го фати крстот, а Епископот  му подари златен крст со ланче.

Верниците присутни на овој свет чин со радост земаа од осветените води понесувајќи во своите домови за мир, здравје и бериќет.

 

                   

 

                    

 

                                    

 

                 

 

                 

 

                

 

              

 

Подготви: Диме Змејкоски