Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Малме (30.12.2012 10:55)

Во последната седмица од 2012 година, на празникот на свети пророк Даниил и трите момчиња, во соборниот храм во Малме се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Европски г. Пимен во сослужение со парохискиот свештеник о. Блажо Кожарски.

Толкувајќи го денешното евангелие за богатиот млад човек, кој и покрај својот труд и желба за сецело следење на Бога не можел да се избори со страста на среброљубието, за да укаже на насушната потреба од борбата со оваа страст која ни ги затвора вратите на Царството Небесно, Митрополитот ги посочи сличните поуки од Христа за не врзувањето за материјалното богатство: „Каде е вашето богатство таму е и вашето срце“ , „Не можете да им служите на двајца господари“ ...

Потоа ги повика сите верници на оваа парохија и во следната година да бидат активни во завршните подготовки за осветување на храмот во годината во која Црквата Божја слави 1700 години од Миланскиот едикт, а Црковата Опшина – 40 години од своето формирање.

 

             

 

                         

 

Известува: о. Блажо Кожарски