Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје (09.12.2012 14:50)

На 07.12.2012 година, со празнична Вечерна богослужба во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје молитвено  започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква – свети Климент Охридски Чудотворец. Во присуство на  Архиепископот Oхридски и Македонски г. г. Стефан,  верен народ и бројното свештенство од Скопската епархија, со богослужбата чиноначалствуваше викарниот Епископот Велички г. Јосиф.