Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Започна чествувањето на Св. Климент Охридски (07.12.2012 20:59)

Со Голема вечерна која се отслужи во црквата „Св. Вознесение“-Драчево започна чествувањето на св. Климент Охридски, патрониот заштитник и прв архиереј на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. На Вечерната чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратот Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Велички г. Јосиф и Епископот Лешочки г. Јосиф. Прославата продолжи во средното богословско училиште „Св. Килимент Охридски“ со свечена академија и читање на најдобрите литературни творби.

 

  

      

 

     

 

      

 

     

Извор: Скопска епархија