Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митровден во Крива Паланка (14.11.2012 12:46)

На ден 08.11.2012 лето Господово, по повод патрониот празник во соборниот храм во Крива Паланка посветен на Светиот великомаченик Димитриј Мироточив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. д-р Јосиф и свештениците од Кривопаланечкото архиерејско намесништво, благоволи да богослужи Божествена Архиерејска Литургија. Храмот беше претесен да ги собере мноштвото верници кои со радост очекуваа по завршувањето на Литургијата да се изврши празничниот водосвет, а потоа да се осветат и пресечат празничните лебови на кумовите кои и оваа година, како и секогаш беа во голем број.

На крајот Митрополитот г.Кирил го претстави пред народот ново избраниот епископ лешочки г.д-р Јосиф.

Во проповедта се осврна на животот и делото на светиот великомаченик Димитриј и со радост го објави овогодинешниот историски јубилеј, 45 години од обновувањето на древната Охридска Архиепископија олицетворена во денешната наша светоклиментова Македонска Православна Црква, управувана од 13 архипастири, а народот го благослови со желба за растење во доброто, посилна и посовршена вера во Господа и умножување на родот и народот македонски. Амин.

 

         

 

        

 

        

 

         

 

         

 

         

 

         

 

Известува: ипоѓакон  Александар  Стефановски