Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (13.11.2012 13:51)

Поради зачестените информации, како и некои дезинформации, објавени во медиумите во врска со посетата на поглаварот на Македонската Православна Црква Архиепископот г.г. Стефан  на Софија, по повод погребението на блаженоупокоениот поглавар на Бугарската Православна Црква, го даваме следново соопштение:

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од митрополитот Преспанско – пелагониски г. Петар, на 09. 11. 2012 присуствуваше на заупокоената Литургија и опелото на блаженоупокоениот Бугарски патријарх г.г. Максим во катедралниот храм „Св. Александар Невски“ во Софија. Пред почетокот и за време на Литургијата, Архиепископот имаше кратки и срдечни средби со претставници од повеќето помесни Православни Цркви. По завршувањето на опелото, во олтарот на катедралниот храм, Архиепископот се сретна и се поздрави со Неговата Сесветост Вселенскиот Патријхарх г.г. Вартоломеј, со српскиот Патријарх г.г. Иринеј, атинскиот Архиепископ г.г. Јероним, албанскиот Архиепископ г.г. Анастасиј и др. При таа кратка средба, Вселенскиот Патријарх, во присуство на српскиот Патријарх, изрази искрена желба за што поскоро изнаоѓање решение за проблемот, мислејќи на спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Српскиот Патријарх г.г. Иринеј ја сподели желбата на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.

 

Од Кабинетот на Архиепископот