Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастирски комплекс (30.08.2012 14:12)

Во понеделник, на 27.08.2012 лето Господово, започнаа празнувањата во Лешочкиот манастирски комплекс со Вечерната богослужба отслужена од страна на Неговото Високопреподобие Архимандритот г. Јосиф кој воедно е новоизбран од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА за викарен Епископ на Епархискиот Архиереј на Полошко-Кумановската Православна Епархија со титула Епископ Лешочки, во сослужение на братското свештенство од Тетовското Архиерејско намесништво.

После вечерната богослужба традиционално во кругот на манастирскиот комплекс беше одржан Тетовскиот фолк фестивал на кој настапија реномирани музичари од македонската естрада.

Во вторник, на 28.08.2012 лето Господово, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештенослужи отслужи Света Архиерејска Литургија која беше збогатена со ангелските гласови на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово под диригенство на маестро д-р Ивица Зориќ.

Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил честитајќи го празникот на многубројните присутни верни чеда на МПЦ-ОА, посебна благодарност изрази за присуството на Амбасадорот од САД во Република Македонија господинот Пол Волерс и неговата сопруга, кои ја посетија и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ, по што од страна на Митрополитот г. Кирил беа поканети на заедничка братско-сестринска трпеза на љубовта.

Чествувањата продолжија до доцните вечерни часови во кругот на манастирскиот комплекс.

 

           

 

           

 

          

 

          

 

          

 

          

 

         

 

          

 

         

 

        

 

         

 

Подготвил: Диме Змејкоски