Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Кочани (20.08.2012 13:26)

На 19. 08. 2012 година, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен заедно со Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Европската и Брегалничката епархија, отслужи света архиерејска Литургија во храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани. На светата Литургија, Митрополитот г. Пимен и Митрополитот г. Иларион, пред многубројниот народ, произнесоа пригодна празнична беседа за постот и светата тајна причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благословија новиот лозов плод. На светата литургија над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.

 

      

 

      

 

 

Извор: Брегалничка епархија