Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на свети Георгиј (05.05.2012)

По повод празникот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, на 05.05.2012 година, во манастирот на свети Георгиј во Куманово, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил ослужи Вечерна богослужба. На 06.05.2012 година, во манастирот на свети Георгиј во с. Дељадровци, Владиката Кирил во сослужение на повеќе свештеници отслужи Божествена Архиерејска Литургија, а потоа произнесе празнично слово. Митрополитот посебно нагласи дека токму пред 45 години е донесена одлука со која е возобновена древната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, на чело со првиот обновител сега блаженоупокоениот прв Архиепископ г.г. Доситеј. Да се потсетиме дека  нашиот Митрополит г. Кирил е единствен жив сведок и потписник на таа важна историска одлука. Потоа Митрополитот изврши голем водосвет и ги пресече славските колачи.

 

       

 

      

 

       

 

 

 Известува: о. Жико Тодоровски