Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богослужби за Благовештение и Цветници во Преспанско-пелагониската епархија (11.04.2012)

На 06.04.2012 г., Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар благоволи да отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот на Светото Благовештение во Прилеп. Наредниот ден, на самиот празник на Светото Благовештение, Митрополитот г. Петар во оваа црква отслужи празнична Божествена Литургија. На празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, Митрополитот г. Петар, отслужи празнична Божествена Литургија во храмот на светиот великомаченик Димитриј во Битола.

 

 

          

 

 

На 10.04.2012 г., Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, по повод најрадосниот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, одржа прес-конференција во просториите на Светата Митрополија во Битола, и им се обрати на верните чеда од својата епархија, произнесувајќи ја Велигденската посланица и честитајќи им го празникот. 

 

        

 

Известува: Весна Апостоловска