Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чевствување на празникот Св. Ѓорги Кратовски во Кратово (08-03-2012)

На 24.02.2012 година во црквата Св. мч. Ѓорѓи Кратовски во Кратово по повод патрониот празник во чест на истоимениот свет маченик, Митрополит Полошко - кумановски г. Кирил во сослужение на намесниците од: Кратово, Куманово и Крива Паланка како и на повеќе свештеници и ѓакони отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија.  Митрополитот во беседата го истакна херојскиот подвиг на светителот, кој иако имал само 18 години не сакал да се потурчи, туку останал со тврда вера во Христа. Инаку овој новомаченик, по потекло од Кратово, пострадал за убавата Христова вера, жив бил запален на клада во 1515 година во Софија за време на царот Селим. Потоа пред градскиот плоштад Митрополит г. Кирил изврши голем водосвет и ги прережа славските колачи. Благодарение на пораките на г. Кирил и на Општина Кратово, овој ден за Кратовчани е неработен. Пред неколку години на градскиот плоштад во Кратово е поставена биста во чест на Св. мч. Ѓорѓи Кратовски.

 

 

известува о. Жико Тодоровски