Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Собор на Пресвета Богородица (08-01-2012)

На 08.01.2012 година по повод празникот Собор на Пресвета Богородица, Митрополит Полошко - кумановски Кирил, во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони, отслужи света Божествена Божиќна Литургија во Соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово. Честитајќи им го празникот на присутните верници, Митрополитот г. Кирил меѓу другото рече: „Да има мир и благосостојба во овој наш град, населените места и на нашата земја. Света Мајка Богородица чиј празничен ден, денес го празнуваме, нека не закрилува под нејзиниот свет, спасоносен омофор и нека не чува од секакво лошо. И нека Го моли Нејзиниот Единороден Син, да не следи Божјиот благослов со добро здравје и вечна радост!“ Амин! Потоа беше прочитана Божиќната посланица која традиционално Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин  Стефан, заедно со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква им ја испраќа на сето свештенство и монаштво како и на сите верни чеда во Република Македонија и во дијаспората.

 

 

                                   

                                                                                                                    

Известува: отец Жико Тодоровски