Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество Христово - Божиќ во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица во Гостивар (07-01-2012)

Денес, 07 јануари 2012 лето Господово по повод големиот христијански празник Рождество Христово - Божиќ, нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополит Полошко – Кумановски Господин Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од гостиварското Архиерејско Намесништво, а во присуство на голем број верници од Гостивар и гостиварско, отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија.

 

Во својата беседа Митрополитот Господин Кирил го прочита годишното Божиќно послание од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, посакувајќи мир здравје и благосостојба во нивните домови, во родниот им град, во Република Македонија и пошироко.

 

Веднаш потоа Митрополитот Господин Кирил ги благослови и прережа колачите принесени од овогодинешните кумови.

 

Иницијативниот одбор за организација на Бадниковите и Божиќните празници  по повод нивниот јубилеен дваесет годишен ангажман во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица за време на Бадниковите и Божиќните празници, а во чест на 45-годишнината од Автокефалноста на Македонската Православна Црква како и јубилејните 45 години архипастирство на нашиот Митрополит Господин Кирил му подарија крст посакувајќи му добро здравје и уште долго да биде на чело на нашата Богум ни дарувана Полошко - Кумановска Епархија. 

  

  

  

  

Подготвил: Диме Змејкоски