Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вознесение Христово во Виена (02.06.2011)

На празникот на Вознесение Христово, во Mакедонската православна општина „Св.Наум Охридски”  во Виена, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужување со о.Стојан отслужи Архиерејска Божествена  Литургија. На Литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
Во својата беседа Митрополитот Пимен  им го објасни на присутните верници значењето на овој голем ден, и го наговести и празникот на претстојната Педесетница од Христовото Воскресение - Слегувањето на Светиот Дух.

Меѓу другото, тој им подели благослов на  верниците, го пофали Црковниот одбор на чело со пр. Д. Лазовски за постигнатите успеси во напредувањето и доградбата на нашата сопствена црква во срцето на Виена. Како круна на прекрасното Христово Вознесение , Митрополитот Пимен го крсти чедото Божјо Пиа Додевска - Лугер .


Благодарноста на верниците на нашиот Господ Исус Христ на љубовта што во изобилие ни ја праќа преку својот Епископ не може со зборови да се опише.

 
„Се вознесе во слава Христе Боже нас, радост причинувајќи им на учениците, со ветувањето на Светиот Дух  ...кои беа уверени со благословот дека Ти си Синот Божји - Избавител на светот.“

 

                                          

 

                 

 

                  

 

          

 

                

 

 

известува: Антоанета Левковска