Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на нов храм во с. Бујковци (11.05.2011)

На 08.05.2011 година на празникот на светиот апостол и евангелист Марко, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на свештеници и ѓакони од Кумановско архиерејско намесништво во с. Бујковци освети ново светилиште посветено во чест на Успение на Пресвета Богородица. Благодарение на пораките и укажувањата на Митрополитот г. Кирил верниците на ова село како и повеќето села од Епархијата успееја да изградат во нивната средина свети храмови каде што некои се осветени а некои уште се во изградба. Посебно Митрополитот ја нагласи потребата од нови светилишта и им искажа благодарност на сите што учествуваа во изградбата. По евангелисувањето на светиот храм се ослужи и првата Света Божествена Литургија, а потоа настана сенародна веселба кај сите верници во с. Бујковци.

 

 

                       

 

 

 

                       

 

 

 

                                                

 

Известува: о. Жико Тодоровски