Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велики Петок во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (22.04.2011)

Петок, 22 април 2011-то лето Господово, во соборната црква на светите Кирил и Методиј во Тетово беше извршен чинот на погребението Христово од страна на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското Архиерејско намесништво, а во присуство на многубројните верни чеда на Спасителот наш Господ  Исус Христос.

Пред Христовиот гроб беа испеани статиите на погребението, од страна на Митрополитот г. Кирил и неговите свештенослужители, а придружувани од ангелските гласови на тетовскиот женски младински хор „Менада“, раководени од диригенската палката на маестро д-р Ивица Зориќ.

Веднаш потоа Митрополитот г. Кирил со братското свештенство направија трикратен опход околу соборниот храм носејќи ја светата Плаштаница пред поворката од голем број верници.

По завршувањето на чинот на погребението Христово, река од верници пристапуваа со тага во душата да се поклонат пред светата Плаштаница на Христовиот гроб.

 

   

 

   

 

    

 

 

 

Подготви: Диме Змејкоски