Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирската црква на Попова Шапка (05.01.2011)

На 5 јануари 2011 лето Господово, по повод патрониот празник на Свети Наум Охридски Чудотворец, во истоимената манастирска црква на Попова Шапка нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското и Гостиварското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верни чеда од Тетовско па и пошироко од нашата држава Република Македонија.

Свечената Литургија беше збогатена со ангелските гласови на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово раководени од диригенската палка на Маестро Доктор Ивица Зориќ.

После свечената Литургија Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил го пресече кумскиот колач принесен од кумата Трајкова Маријана  претставничка на „вештите жени“ од Велес. Честитајќи им ги претстојните Божикни празници  Митрополитот г. Кирил им посака добро здравје на  кумовите, на присутните, на верните чеда на Македонската Православна Црква како и на православите верници ширум светот.

 

     

 

     

 

     

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски