Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на свети архангел Михаил во Куманово (21.11.2010)

По повод празникот на Соборот на светиот архангел Михаил, на 21. 11. 2010 година, во храмот на Света Троица во Куманово, Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони, а во присуство на голем број на православни христијани, ослужи света Божествена Архиерејска Литургија. Пред верните  православни христијани Митрополитот г. Кирил произнесе пригодно слово за самиот празник.  Во Куманово со голема чест се негува празникот на свети архангел Михаил, а многу семејства овој празник го слават како свој домашен празник (домашна слава), а посебно месарите го чествуваат овој празник и масовно ги посетуваат храмовите. По отслужената Света Литургија Митрополит г. Кирил изврши водосвет и го прережа славскиот колач.

 

             

 

              

 

 
известува: о. Жико Тодоровски