Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на нов параклис посветен на света маченичка Параскева (22.10.2010)

Во неделата, на 17 октомври 2010 година, во чест 1100-годишнината од упокојувањето на свети Наум Охридски, во неговата света обител се освети нов параклис посветен на света маченичка Параскева. Со чинот осветување чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит брегалнички г. Иларион, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, и мноштво свештенослужители. После осветувањето се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Архиепископот се обрати со празнично слово.

 

    

 

   

 

   

 

                              

 

                             

 

 

Извор: Дебарско-кичевска епархија