Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот на сите Македонски светители во соборната црква Успение на пресвета Богородица во Гостивар (03.10.2010)

Денес, недела (03.10.2010год) на празникот посветен во чест на сите Македонски светители, нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митриполитот Полошко-Кумановски Господин Кирил отслужи Божествана Архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Гостиварското и Тетовското Архиерејско намесништво.

Во својата беседа, пред присутните верни чеда, Митрополитот Господин Кирил го појасни значението на денешниот празник и додаде:

„Со Боежествена проповед го просветивте народот македонски, и со светлината на евангелската вистина ја украсивте вселената, светители сефални. Славејќи Го Христа Господа, Кого го засакавте од својата младост, и како Божји угодници станавте жители на небесата - Столбиви и заштитници на Македонската црква. Усрдно го празнуваме Вашиот спомен и Ви се молиме: Бидете застапници пред Христа нашиод Бог, за мир и спасение на нашите души.

Не можеме а да не споменеме за огромните епохални дела на солунските рамноапостоли Светите браќа Кирил и Методиј, претставувајќи ги нив ги претставуваме со најголема почит и Свети Климент и Свети Наум - основоположинците во средновековието, таканаречениот златен период за Македонија, македонскиот народ и нашата Македонска Црква, кои ја втемелија и обновија нашата Света Црква, а Свети Наум се појавува и како основоположник на манастиркиот живот на просторот во Македонија. Во нивна чест, денес и во наредните три дена ќе се одржи семинар во нашиот сесловенски Ерусалим во Охрид, а по повод 1100- годишнината од неговото претставување пред Бога.

По свечената Литургија Митрополитот Господин Кирил ги удостои верниците поклонувајќи им на сите присутни осветени крстиња, со благослов за мир и благосостојба во нивните домови, во овој град и нашата Република Македонија

 

                                     

 

             

 

                                  

 

           

Подготвил: Диме Змејкоски