Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Венчавање во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово (11.05.2010)

Денес, нашиот надлежен Епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополит  Полошко-Кумановски Господин Кирил, им го благослови бракот на Борче Ѓорѓевски и  неговата избраничка Николина Илоска. Светата тајна венчание ја изврши Митрополитот Господин Кирил во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово, а венчален кум им беше Мишко Радетиќ.

Добро здравје и многу рожби им посака Митрополитот Господин Кирил на младите, пред присутните многубројни роднини од семејството на Хаџи-Милорад и Будимка Ѓорѓевски, како и од роднините на Симче и Ружа Илоски.

 

               

 

              

 

          

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски