Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на претставниците од Руската и Антиохиската Православна Црква на македонските манастири (08.05.2010)

На 08 мај 2010 г., во митрополитската резиденција на Плаошник, од страна на  Владиката г. Тимотеј беше направен неофицијален братски прием на претставниците од Руската и Антиохиската православна црква. После приемот, големите црковни достојници се упатија во посета на манастирите: свети Климент и Пантелејмон на Плаошник, свети Георгиј Победоносец во с. Рајчица – Дебар, свети Јован Бигорски и свети Наум Охридски.

Наредниот ден, после завршувањето на Божествената Литургија во црквата света Богородица-Каменско во Охрид, во својата резиденција, Митрополит г. Тимотеј направи прием на претставникот на Сиро-јаковитската црква Митрополит г. Теофил и монсињор Алберт Раух од Источниот институт во Регензбург – Германија.

 

       

 

       

 

       

 

                            

 

        

 

        

 

        

 

        

 

        

 

 

Известува: ѓакон Николче