Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црквата посветена на „Свето Преполовение“ во с. Ложани – Струшко (25.04.2010)

На 26/12 април 2010 година (недела) на четврта недела по Велигден посветена на Раслабениот, Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со свештенослужители од Струшкото и Охридското архиерејско намесништво, изврши осветување на црквата посветена на „Свето Преполовение“ во с. Ложани - Струшко.


Црквата е посветена на црковниот празник со кој се одбележува средината помеѓу Велигден и Педесетница
  и се именува ПРЕПОЛОВЕНИЕ НА ПЕДЕСЕТНИЦА, а централната Личност Којашто се празнува на овој празник е нашиот Спасител Господ Исус Христос.


Оваа малечка црква се изгради за рекордно време, благодарение на посветеноста на Црковниот одбор од селото Ложани, како и на младиот парохиски свештеник отец Ристе Наумоски. Но поголем финансиски удел во изградбата дадоа доброволните даренија на верниците од парохијата.

 
Свеченоста беше збогатена и со културно-уметничка програма организирана од младите во селото, додека за сите присутни верници Црковниот одбор подготви свечена трпеза, која беше поставена во близината на новоосветената црква.


Иако црквичката е со малечки димензии сепак парохискиот свештеник ќе може на празникот на кој што е посветена да отслужи Божествена Литургија и да ги повикува верниците од парохијата кон следење и исполнување на евангелиските заповеди.


Нека е за многу години.

 

 

      

 

                           

 

       


Известува: Свештеник Игор Никовски

МПЦ Дебарско-кичевска епархија