Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Донација од Стопанска банка за манастирот Бигорски (13.04.2010)

Генералниот директор на Стопанска банка – Ад Скопје, Глигор Бишев во придружба на  уште неколку важни претставници од Банката, вчера го посетија Бигорскиот манастир и донираа 10.000 евра, односно помош од  615.000 ден.,  за возобновување на конаците од Горни Палат кои минатата година изгореа во пожар, на овој начин изразувајќи ја својата поддршка на Бигорскиот манастир кој е од големо културно, духовно и национално значење за нашиот народ.

Г-динот Бишев лично му ја врачи донацијата на игуменот, архимандрит Партениј, на чиј гест игуменот со голема радост и почит се заблагодари од името на братството и нагласи дека до сега Стопанска банка несебично и во неколку наврати донираше за Бигорскиот манастир и се докажа како компанија со висока корпоративна општествена одговорност  која треба да биде пример и поттик за сите поголеми фирми и компании во Македонија, бидејќи за жал до сега голем број од големите компании не одговориле на апелот  за помош во обновата на Бигорскиот манастир.

 

Извор: Утрински весник, Дневник, Вест