Посета на премиерот во Бигорскиот манастир (11.04.2010)

Во контекст на претходно најавената посета на Бигорскиот манастир, а по повод венчавката на министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиевски, Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски со сопругата, го почести Бигорското братство со своето присуство, при што ја искористи оваа можност да се запознае со текот на работите во манастирот и изградбата на новиот монашки конак Источни палат, како и да им ја изрази својата поддршка на игуменот и монасите од Бигорската обител, во возобновувањето на опожарениот Горни палат. Игуменот му заблагодари на г-дин Груевски за неговата грижа, разбирање, љубов и почит кон Бигорскиот манастир, како големо и значајно македонско светилиште, кое отсекогаш било духовен и културно-историски центар на нашиот народ.


Известуваат: сестрите од Рајчица