Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преждеосвештена Литургија во Кратово (24.02.2010)

На 24.02.2010 година во чест и слава на новомаченикот св. Ѓорѓи Кратовски во единствената црква изградена во негова чест во Кратово Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил ослужи света Преждеосвештена Литургија во присуство на повеќе свештеници, ѓакони како и на многу православни кратовчани и гости. Благодарение на Советот на Општина Кратово на гратскиот плоштад е изграден споменик на овој свет маченик а овој ден е прогласен за неработен па така кратовчани имаа можност на заедничка молитва а потоа прослава. По ослужената Св. Литургија на гратскиот плоштад во Кратово по обраќањето на кратовскиот градоначалник Митрополит г. Кирил изврши водосвет ги пресече славските колаци и произнесе беседа во чест на Св. Георгиј а потоа кратовчани масовно го прославија нивниот светител.

 

                                      

 

                                       

 

 

 

известува о. Жико Тодоровски