Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Тодорова сабота во Крива Паланка (01.03.2010)

На 20.02.2010 година, во првата сабота на Велигденскиот пост, кога Црквата се сеќава на големото спасение преку чудото што го направил светиот маченик Теодор Тирон, во храмот посветен на св.вмч. Димитриј, во Крива Паланка, се одржа Божествена литургија.

Со литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил, заедно со свештенството од Кривопаланечкото архиерејско намесништво. На крајот верниците се причестија со светите тајни Христови.

 

 

               

 

                                      

 

Известува: о. Александар