Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преждеосвештена Литургија во Куманово (17.02.2010)

На 17.02.2010 година, во првата среда од Велигденскиот пост, во соборниот храм свети Никола во Куманово, Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил ослужи Света Преждеосвештена Литургија на која присуствуваа свештениците од кумановското, паланечкото и кратовското Архиерејско Намесништво. Традиционално секоја година свештениците од спомнатите Намесништва во првата среда од Велигденскиот пост пристапуваат кон Светата Тајна Исповест. По ослужената Света Литургија Митрополит г. Кирил нагласи дека Мајката Црква повикува сите да се измириме, па тогаш да пристапуваме кон Светата Тајна Причест. Верувам дека на прочка помладите отидоа кај постарите роднини, а посебно кај родителите, за да побараат прочка и да се измират. Овие денови се најблагопријатни за наше спасение, да ги поминеме онака како што доликува на чеда Божји, на чеда Христови, на нашата родна и мила Светоклиментова Македонска Православна Црква. Божиот благослов да нѐ следи секогаш, та заедно да си го дочекаме празникот на празниците - Воскресението Христово, Велигден.

 

       

 

      

 



Известува: о. Жико Тодоровски