Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бдение со Божествена Литургија во манастирот на свети Георгиј, Скопје (07.02.2010)

На 06-07 февруари, во Месопусната недела, кога Светата Црква го слави споменот на свети Григориј Богослов и свети Владимир Киевски, во храмот на св. вмч. Георгиј во Криви Дол, во Скопје, се отслужи  бдение со Божествена Литургија.

Оној кој живее свет живот, умира со света смрт! Тагата по вистинскиот живот е онаа која не е од овој свет. Тоа е свет во кој нема болка, туку вечна радост и духовно битисување на Троичниот Бог. И во ова 2010-то лето Господово, Бог ни даде нова радост, духовна поткрепа и бескрајна благодат. На 07.02 по благоволението на нашиот духовен отец Партениј и со благослов на блажениот Aрхиепископ наш отец Стефан, светите мошти на милиот ни преподобен св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје на поклонение.Од богословијата светите мошти заминаа во црквата св. великомаченик Георгиј во Кривидол. Таму се служеше сеноќно бдение. Црквата беше полна со народ, при што и надворешните врати од црквата беа отворени. И таму целиот народ беше помазан со масло од кандилото кое стоеше покрај светите мошти... Пред светите мошти се поклони и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
По завршувањето на бдението, во 4.00 часот наутро светите мошти повторно беа донесени во параклисот на Богословијата каде што престојуваа до 7.00 часот наутро.

 

    

 

    

 

       

 

                

 

                         

 

 

 

 

Преземено од: Преминпортал