Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“ (19.12.2009)

По повод празникот на свети Никола Чудотворец Архиепископ Мирликиски излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“.

Содржината на овој број ги донесува следните наслови: „Житие на свети Никола“, „Лидерство во Црквата“ од Митрополитот Струмички Наум, Интервју со д-р Дмитриј Авдеев, православен психотерапевт, „Ergo sum…“ од м-р Оливер Димитров, Репортажа: Светите места во Русија, „Унија (Римоцентричен универзализам)“ од ѓакон Горан Стојчевски, „Приказна за Дедо Мраз“ од о. Григориј Јакимов, „Детска анимација за око и душа“ од Горан и Софија Тренчовски, Светоотечка ризница, „On the Prayer of Jesus“  Saint Ignatius Brianchaninov, „Црковното пеење во Македонија во XX век“ од д-р Јане Коџабашија, Вечерна служба на свети Теофил Струмички, Премин Галерија, „Цената на чудото“ од Венко Андоновски, „Кристална двосмисленост“ од Тања Битољану Плавшиќ, „Има смисла!“ од Горан Величковски, „Неизговорено проштевање“ од Јанко Илковски, Вести од православниот свет и Житија.

 

Списанието „Премин“ во овој број подарува DVD филм „Николај II: саботиран триумф“.