Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Наши древни икони во нова галерија (13.12.2009)

Повеќе од 40 стари икони беа поставени во нова галерија која свечено беше отворена вчера, на 12.XII.2009 г., во 12 часот, во црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, во организација на Дебарско-кичевска епархија и НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга. На отворањето зборуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а за постојаната постановка во галеријата и за значењето на иконите зборуваа академик Цветан Грозданов и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Иконите се од периодот од 15 до 19 век, а се дел од културно-историското наследство на Струга и Струшко. Во постановката најстара е икона од 13 век на која е претставен св. Ѓорѓија. Таа икона често е дел и од наши и од светски каталози за средновековно иконографско творештво. Галерискиот простор е поставен во еден дел од црквата „Св. Ѓорѓија“, кој е посебно обезбеден.

 

      

 

                                    

 

     

 

      

 

Известува: о. Игор Никовски