Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Собор на св. Архангел Михаил (21.11.2009)

На 21.11.2009 г. по повод Собор на св. Архангел Михаил во црквата Света Троица во Куманово Митрополитот Полоско-кумановски г. Кирил ослужи Света Божествена Литургија, го прекрси славскиот колач и изврши осветување на вода. Потоа во населба Карпош кумановско во храмот во изградба исто така го пресече славскиот колач и освети вода. Инаку во оваа населба во 2003 година се постави камен темелник на нов храм посветен на св. Архангел Михаил а камен темелникот го освети Митрополит г. Кирил. Пред присутните кумановчани како и пред кумановскиот градоначалник г. Дамјановски, Митрополит Кирил посака што побргу да се изгради и ова светилиште а во неговата изградба да земат сите учество. На крајот Митрополит Кирил самиот зеде учество со доброволен прилог за понатамошна изградба на храмот.

 

  

 

  

 

 

Известува: о. Жико Тодоровски