Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Охрид (21.11.2009)

Празникот посветен на свети архангел Михаил и на останатите бестелесни небесни ангелски сили во Дебарско-кичевската епархија најсвечено се одбележа во манастирот „Свети Наум Охридски“. Причината е тоа што свети Наум, кога ја изградил манастирската црква, истата им е посветил ним, односно на свети архангел Михаил и на останатите бестелесни небесни ангелски сили.

На светата Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение  на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протојереј-ставрофор Тоди Јован од Подградец − Р. Албанија, свештеник Никола Христоски и ѓаконите: Димче Азески и Васко Голабоски.

На светата Литургија присуствуваше верен народ, како од Охрид и охридско, така и од р. Албанија. А оние што се подготвуваа со пост, молитва и исповед пристапија и се причестија од чашата на животот.

По светата Литургија Митрополитот Тимотеј го благослови и го прекрши празничниот леб.

 

       

 

       

 

  

 

 

Известува: ѓакон Димче Азески