Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот на светиот великомаченик Димитриј во Крива Паланка (11.11.2009)

Како и секое, така и ова лето Господово, во Крива Паланка со големо торжество и празнична радост беше одбележан споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски.

Чествувањето на овој празник започна со вечерната богослужба на 7 ноември, кога Кривопаланчани  дојдоа, заедно со чесното свештенство од кривопаланечкото намесништво, да се помолат за телесно здравје и душевно спасение.

Со празнично-духовна радост, во утринските часови, во преполнетиот храм, Кривопаланчани присуствуваа на утрената Богослужба молејќи му се на Господа и свети Димитрија. Во храмот кој е посветен на овој маченик, биењето на камбаните го најави доаѓањето на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил, кој како и секоја година, ова празнично-духовна радост ја сподели со неговото паство од овој град.

Митрополитот им се обрати на присутните верници со поздравно слово, во кое го искажа значењето на овој празник, раскажувајќи го неговото житие, по што, во сослужение на чесното свештенство и Христовото ѓаконство од овој град, беше отслужена Светата Божествена Литургија на светиот Јован Златоуст.

Откако беше отслужена Литургијата, надвор во црковниот двор Митрополитот изврши водосвет и ги прекрши славските колачи на верниците кои го чествуваат овој празник.

 

     

 

     

 

 

Известува: отец Александар