Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Епархиско свештеничко собрание на Дебарско-кичевска епархија (09.11.2009)

На 09.11.2009 година, во црквата „Св. Богородица-Каменско“ во Охрид, се одржа Епархиско свештеничко собрание на Дебарско-кичевска епархија. Предмет на состанокот беше: разгледување на актуелни прашања поврзани со животот и дејноста на парохиското свештенство во епархијата. Меѓу другото, од страна на свештениците се упати барање до повисоките црковни власти преку надлежен епархиски Архиереј да се разгледа најсериозно прашањето за пензиското осигурување. Исто така, беа разгледани и актуелните прашања поврзани со одржувањето на претстојниот Архиепискоски црковно-народен собор (АЦНС), кој ќе се одржи на 12-ти овој месец во Скопје.

 

            

 

Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски