Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Празникот на света Петка во Малме (27.10.2009)

Денес, вторник 27.10.2009 година, кога Светата Црква ја прославува преподобна Параскева, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на парохискиот свештеник прота-ставрофор Блажо Кожарски, отслужу Божествена литургија во чест на празникот, во соборниот храм на МПЕ за Европа, посветен на Свети Наум Охридски – Чудотворец во Малме – Шведска.

Благочестивиот народ на крајот од Светата литургија пристапи кон Светата чаша примајки го во себе телото и крвта на Спасителот наш Господ Исус Христос.

На крајот Неговото Високопреосвештенство се обрати со поучно слово кон присутните. Помеѓу другото говореше за значението на текстот од прочитаното Свето Евангели, Беседата на гората, односно Блаженствата, потоа говореше и за животот на  преподбнта Параскева.

На крајот на сите кои го слават овој ден им ја честита славата.

 

      

 

     

 

      

 

      

 

Известува: прота-ставрофор Блажо Кожарски