На празникот на Света Петка во Струга (28.10.2009)

Празникот на преподобна Параскева – Петка во Дебарско-кичевската епархија насвечено се одбележа во Струга, во црквата „Свети Ѓорѓи“ каде се служеше света божествена архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г-дин Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, архиерејски намесник на Струга, протоереј Темелко Донески, старешина на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, свештеник Петар Бојчиноски и ѓаконите: Димче Азески, Никола Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.
На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ од Струга, а оние кои се подготвуваа со пост, молитва и исповед пристапија и се причестија од Чашата на животот.





Известува: ѓакон Димче Азески