Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во с. Стрезовце (15.10.2009)

На 09.10.2009 година на празникот Упокојување на свети Јован Богослов во с. Стрезовце, Кумановско архијерејско намесништво во новоизградениот манастир на свети Јован Богослов се отслужи Божествена Литургија. Манастирот го освети Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил на 21.05.2008 година, а по повод 40 години автокефалност на Македонската Православна Црква. По ослужената Света Литургија Митрополит г. Кирил изврши водосвет и ги прекрши славските колачи. Во тек е изградба на манастирските конаци за кои Митрополитот Кирил посака што побргу да бидат завршени за да бидат осветени. Инаку голема е заложбата во изградбата на манастирот и манастирските конаци на г. Борко Стефановски и неговото семејство од с. Младо Нагоричане. Во мала близина на овој осветен манастир е изграден уште еден манастир а ќе биде посветен во чест на свети Прохор Пчински. Манастирот е во завршна фаза, а Митрополит г. Кирил направи визитација и даде нови иструкции за негово довршување за да може во блиска иднина и овој манастир да се освети.

 

  

 

  

 

 

Известува: о. Жико Тодоровски