Архиерејска Божествена Литургија во митрополитската резиденција на Плаошник (14.10.2009)

На 14 октомври 2009 година, во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во митрополитската резиденција на Плаошник, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, свештеник Димче Ѓорѓиески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски, служеше света архиерејска Литургија. По завршувањето на Литургија се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови.




Известува: ѓакон Николче Ѓурѓиноски