Vesti i nastani
 
 
 
 
 

10 години од востоличувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан (10.10.2009)

Денес, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј и Епископот Хераклејки г. Климент, ја освети црквата на Рождество на Пресвета Богородица на Средно Водно. После тоа беше отслужена Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајна.

 

    

 

                                   

 

      

 

     

 

 

фото: Калина Трпеска

 

 


 

 

До

 

Неговото Блаженство

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

 

 

Ваше Блаженство,

 

Срдечно Ви го честитаме јубилејот по повод десетте години од Вашето востоличување за Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Господ Кој Ве постави за Нејзин Архипастир, ѝ дарува Нејзе и на македонскиот народ во Вашето лице мудар Претстојател кој искрено се грижи за благостојбата на паствата што му е доверена.

Му посакуваме на Вашето Блаженство добро здравје и сила, достојно извршување на Вашата висока служба за доброто на Македонската Православна Црква.

 

За многу години!

 

Митрополит Струмички Наум

со редакцијата на сајтот на МПЦ