Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Пожар во манастирот Свети Јован Бигорски (30.09.2009)

Утрово во 4 часот изби пожар во манастирот Свети Јован Бигорски. Причини за пожарот се проблеми со старата електрична инсталација во манастирот. Пламенот прво гo зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците, библиотеката, галериjата на икони, кои се целосно изгорени. Старата црква не била зафатена од пожарот. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран и изгаснат.

Сите ние, Црквата, државата, стопанствениците и народот треба да се ангажираме околу возобновувањето на манастирот како една од нашите најголеми светињи.