Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црква на свети Никола во Пештани (охридско) (19.09.2009)

На 19- ти септември 2009 година, во селото Пештани, Охридско, во присуство на многуброен верен народ се изврши осветување на новоизграден храм посветен на свети Никола Чудотворец, архиепископ Мирликијски. Чинот осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, јереј Атанас Казанџиски, јереј Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. После осветувањето се отслужи света архиерејска Литургија.

 

        

 

         

 

         

 

        

 

         

 

        

 

        

 

         

 

Известува: ѓакон Никола