Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Јакимово - Виница (29.08.2009)

На ден 29. 08. 2009 година, Неракотворен лик на ГИХ; Св. Јоаким Осоговски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата Св. Јоаким Осоговски во с. Јакимово - Виница.

Во својата беседа Митрополитот г. Иларион им го честита патрониот празник на Јакимовци, објаснувајќи им го животот и делото на Свети Јаким Осоговски.

На крајот од литургијата Митрополитот г. Иларион заедно со свештенослужителите го благослови и пресече славскиот колач.

 

             

 

            

 

                                 

 

             

 

Известува: протоѓакон Саше Ристов