Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија прими делегацијата од Република Македонија (30.06.2009)

На 29 јуни 2009 година претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион ги прими православните архиереи од Република Македонија – Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар и Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Средбата се одржа на иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, искажана во писмото до Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил. Предмет на разгледување беа прашања поврзани со дијалогот за регулирање на статусот на Македонската Православна Црква, која во 1967 година прогласи автокефалност, непризнаена од останатите помесни Православни Цркви.

Во разговорот исто така зедоа учество Амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација Златко Лечевски, заменик на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски протоереј Николај Балашов, секретарот за меѓуправославни односи свештеник Игор Јакимчук и соработникот на ОВЦС ѓакон Олег Јаншин.

 

                

 

Извор: Mospat.ru