Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Продолжуваат градежните работи на Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа (28.06.2009)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во неделата на Сите Светии, 14.06.2009 година, после Светата Литургија во дворот на соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски во Малме - Шведска, се изврши осветување на петте крстови што ќе се поставата на куполите од црквата. Чинот на осветувањето го изврши парохискиот свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, протоереј-ставрофор Блажо Кожарски. Крстовите ги изработи „ЕМО“ од Охрид. Ги спонзира Агенција за иселеништво при Владата на Република Македонија.

 

      

 

                           

 

      

 

Известува: протоереј-ставрофор Блажо Кожарски